Културо

По седум месеци пауза, Драмски театар се отвора

Драмски театар по пауза од седум месеци се отвара за публика утре 20-ти октомври со претставата „Партија реми“ во која игра и годинешниот добитник на наградата за животно дело “Анче Џамбазова”, актерот Ѓокица Лукаревски.

Репертоарот на Драмски потоа продолжува со претставата „Чудесна терапија“, на 22-ри и 30-ти октомври, а на 31-ви октомври повторно е најавена изведба на претставата „Партија реми“.

Покрај задолжителното носење на маска и дезинфекција на рацете, при влез во театарот, ќе биде задолжително мерење на температура на секој посетител, ограничен влез по принцип еден по еден со раздалеченост од 1,5 до 2 метра, секој посетител ќе ја носи својата гардероба (јакна, палто) со себе затоа што гардеробата нема да биде во функција и ќе мора да седи сам на седиште со раздалеченост од најмалку 1,5 метар до следниот гледач.

Можеби ќе ве интересира: