Музика на кирилица

Познатата македонска поп пејачка Каролина Гочева донираше за настраданите семејства

Познатата пејачка ја покажа својата хумана страна, донирајќи 1.000 евра за семејствата што настрадаа во поплавените делови на Скопје.

“Нема зборови со кои може да се искаже сочувство до семејствата кои изгубија свои блиски во поплавата која му се случи на Скопје. Тоа со ништо не може да се надомести. Сепак, сега е време кога треба да сме единствени и секој треба да помогне колку што може и како што може за да им помогне на настраданите”, напиша ексклузивката на Авалон продукција на својата фејсбук фан страна.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: