Премиера

Виктор Апостоловски Ве прашува: Каде на одмор?

Сите ќе се согласиме дека на македонската музичка сцена недостасуваат летни хитови, песни кои цееело лето ќе ги слушаме дали на радио или преку интернет и омиленот YouTube. Оваа година, ова лето, конечно се појави вистинска летна песна која може слободно да кажеме дека освен што звучи летно и светски, македонскиот поп пејач кој го запознавме на првото и единствено издание на “Macedonian Idol” Виктор Апостоловски сите Вас Ве прашува каде на одмор?

Тој е комплетен автор на новата летна песна, а истата е снимена на македонските плажи во Претор, дел од плажите во Грција и Охрид, каде што освен многу сонце, вода, коктели… може да се видат многу згодни момци и девојки.

За да не мудруваме многу, Ви предлагаме да го погледнете најновото видео од Виктор, и секако, слушнете го најновиот летен хит за ова лето…

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: