Музика на кирилица

„На чекор од брегот” e најновата песна на Ламбе Алабаковски (Видео)

Поп-пејачот Ламбе Алабаковски изминатиов период е во фокусот на вниманието на јавноста по враќањето од Америка, а особено по скандалот во Битола. После долга пауза тој денеска се враќа на македонската естрада со нова песна. „На чекор од брегот” е дело на Зоран Стојановски – Зонде кој го напиша текстот а неговите колеги Александар Тарабунов и Димитар Андоновски беа задолжени за музиката и аранжманот.

Мили мои, со многу љубов и ентузијазам работевме изминатиот тежок период на новиот проект „На чекор од брегот” – напиша ламбе на инстаграм.

Како што дознава Музика24, промоцијата на песната беше првично закажана за 10-ти јуни но беше одложена откако Основниот суд во Битола му определи притвор. Откако е на слобода, Ламбе е активен со настапи низ целата земја а наскоро се очекуваат и нови проекти помеѓу кои и албум со преработки на македонски шлагери, албум со изворни македонски песни како и преработка на хитот „Летај ми летај гулабе“ заедно со Димитар Андоновски.

Можеби ќе ве интересира: