Премиера

“Етносфера” го промовира “Етно виа Баиро” (Фото + Видео)

“Етносфера”, новиот македонски музички состав, составен од познати и големи музички имиња кој неодамна се промовираше на македонската музичка сцена, го промовира својот втор сингл и видео спот за инструменталната “Етно виа баиро”. Со својот прв сингл “Копнеж”, “Етносфера”предизвика интерес и позитивни реакции кај публиката. Ова претставува продолжение на нивната етно приказна, создавајќи нова музика која се темели врз македонскиот и балкански фолклор и традиција.

Како на првиот, така и на вториот, автор на музиката е Никола Мицевски. “Етно виа баиро” е композиција во која преовладуваат елементи од музиката од целиот Балкан, спакувана во современ џез, фанк, етно аранжман. Гостин на оваа нумера и видео спот е виртуозот на труба и близок соработник на “Етносфера”, Џамбо Агушев. Спотот го изработи “Веста продукција” и истиот снимен е на познатиот битолски широк сокак.

Уживајте!

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: