Премиера

Наум Петрески промовираше песна посветена на сите ловци и риболовци (Видео)

Фолк пејачот Наум Петрески ја промовираше песната и видео спотот посветени за сите ловци и риболовци. Не е тајна дека на Наум пасија му се ловот и риболовот, дружбите со ловџиите, неговите пријатели. Овој пат тоа реши да го отпее и во песна.

“Уште од мал со татко ми одевме на риболов. Од тогаш се сеќавам на првите денови со трската, покрај брегот на езерото, со мојот татко. Риболовот и ловот ми станаа љубов и пасија, освен музиката се разбира, па затоа многу емотивно го доживувам овој проект посветен на сите мои другари и пријатели”, изјави Наум. Љупчо Стевковски – Труба познат скопски угостител и ловџија повеќе од 20 години е иницијатор на целиот овој проект.

“Две години размислувавме како треба да звучи песната и да изгледа спотот. Му кажав во една прилика, при наша дружба во Богомила: Наум, досега имаш отпеано песни за сите Деспини, Јовани, за Лазарополе… Мислам дека време е да отпееш песна и за нас. И ете сме денес, ја промовираме песната на чуварите на природата и планините, песната за сите ловци и риболовци”, вели Љупчо. Текстот е на Борче Нечовски, додека пак музиката и аранжманот на Дејан Момировски.

Во продолжение, слушнете ја и погледнете го видео спотот посветени на сите ловци и риболовци.

Можеби ќе ве интересира: