Во прв ред

Ново во центарот на Скопје, нова куќа на музиката и танцот “iDance” (Фото)

Во градот се отвори ново студио за танц, студио кое ќе направи латино музиката да ја доживееете на еден поинаков начин. Оваа нова куќа на музиката и танцот се наоѓа на булеварот Трета Македонска Бригада, спроти средното училиште “Димитар Влахов”. “iDance” е нова приказна, а во оваа приказна главни ликови секогаш ќе бидат клиентите. Школата нуди часови по различни латино танци, и тоа:

  • Bachata sensual / Bachata dominicana
  • Salsa Cubana
  • Salsa con Reggaeton
  • Salsa con Rumba
  • Dancehall
  • Kizomba / Urban Kizz
  • Reggaeton
  • Zumba fitness
  • Insanity
  • Contemporary
  • Kids Latin Dance
  • Hip-Hop

Уписите се во тек, со месечната чланарина од 1.200 денари добивате едночасовно танц доживување со три часа во неделата. За Вас ќе се погрижи искусниот инструктор Ико, повеќекратен државен меѓународен првак во категоријата латиноамерикански и стандардни танци (спортски натпреварувачки танци), бачата победник на International Dance Organisation, заедно со Кристела и Христина, ликови со вишок позитивна енергија. “iDance” ќе биде многу повеќе од школа за танц, дојдете и проверете, почнуваме на први март.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: