Во прв ред

Шопинг до полноќ и многу музика – овој викенд во Скопје Сити Мол

И оваа година, Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој ќе се оддржи на 3-ти и 4-ти јули 2015 година. Возбудливата и примамлива програма започнува на денес на 3-ти јули, со програма на малата сцена сместена внатре пред Плеј Кафе, додека големата сцена се наоѓа на платото пред Тренд Кафе. На големата сцена надвор, програмата започнува од 19 часот со настап на DJ во придружба на најпознатите Саксофонисти кај нас. Во 21 часот ќе започне долгонајавуваното Beachwear Fashion Show со најзгодните модели во придружба на Sound Messengers. Тумбао Салса Бенд имаат настап во живо од 22 часот, а веднаш по нив атмосферата ќе ја надополни DJ сет подготвен од најдобрите DJ-и од Сити Радио.

На малата сцена внатре во трговскиот, од 18 часот, забавата почнува со најпознатите DJ-и од Сити Радио, во 21 часот ќе настапат Азафран Микс и бројни танчерски групи. Во 23 часот забавата продолжува со најдобрите македонски DJ-и. Програмата ќе продолжи и утре сабота 4-ти јули, на малата сцена со почеток од 12 часот со музика и танчерски групи кои никого нема да остават рамнодушен. Македонските експерти за забава, ConTry Dj настапуваат од 18 часот, од 21 часот посетителите ќе може да уживаат со Азафран Микс, а веќе од 23 часот за забавата ќе бидат задолжени DJ од Сити Радио. Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња.

Да се напомене дека до Скопје Сити Мол има бесплатен превоз со панорамски автобуси, кој ќе се обраќа по траса на број 15. Ги повикуваме оние кои се подготвуваат за летото, денес петок 3-ти и утре сабота 4-ти јули да дојдат во Скопје Сити Мол да уживаат во програмата до полноќ и попустите кои ги нудат брендовите во најголемиот шопинг центар во Македонија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: