World Music

Бијонсе и Џеј-Зи “илегално” во Куба

Можно е Бијонсе и Џеј Зи засекогаш да ја запомнат прославата на петтата годишнина од нивниот брак во кубанскиот главен град Хавана, доколу бидат казнети поради “илегален престој на Куба”. Имено, двајца американски републикански конгресмени побараа од Министерството за финансии на САД да им достави податоци дали двојката добила дозвола за посета на Куба.

Изминативе години Вашингтон во рамките на ублажувањето на санкциите кон Хавана ги олесни условите за патување на државјаните на САД на Куба, но ним и натаму им е потребна дозвола од американските власти за да заминат во оваа островска земја. Доколку, се утврди дека Бијонси и Џеј Зи немале таква дозвола, можно е да заработат парична казна. Во врска се случјаот се огласи и Стејт департментот, кој соопшти дека не знаел оти пејачката и нејзиниот сопруг биле на пат во Куба.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: