World Music

Откажана целата турнеја: „Whitesnake“ не доаѓаат во Скопје

Култниот рок бенд „Whitesnake“ годинава ја започна својата проштална турнеја, но на сред турнеја почнаа да се појавуваат здравствени проблеми на членовите на бендот, поради што бендот ги откажа Милано, Виена и Загреб. Бендот синоќа објави дека ја откажува целата европска турнеја.

Со голема тага морам да објавам дека поради тековните здравствени проблеми, медицински совети и грижа за здравјето и безбедноста, „Whitesnake“ не може да продолжи со својата европска проштална турнеја. Искрено им се извинувам на сите фанови на „Whitesnake“ кои со нетрпение ги очекуваа преостанатите настапи на оваа турнеја, тимот и персоналот на турнејата кои работеа толку напорно за да се реализираат овие шоуа, и сите промотери и соработници кои помогнаа да се организира турнејата. Ве ценам и сакам сите!!!. – објави Дејвид Ковердејл.

Од седум концерта, три требаше да бидат во организација на македонскиот промотер Авалон Продукција: Скопје, Белград и Сарајево.
За сега, немаме информација дали концертите ќе имаaт нов термин и поради тоа ќе вршиме целосна рефундација на средствата. Повеќе информации и детали за процесот на рефундација ќе бидат објавени наскоро на нашите социјални мрежи. Ви се извинуваме и ви благодариме на поддршката во овие тешки моменти во кои сме апсолутно беспомошни и сме едноставно жртви на виша сила, во овој случај – здравјето на David Coverdale. – велат од авалон.

Здравствените проблеми започнаа со тоа што гитаристот Реб Бич пропушти неколку концерти, а потоа тапанарот Томи Олдриџ ја пропушти својата прва професионална свирка, потоа Ковердејл, кому му беше дијагностицирана инфекција на синусите и му беше препорачано да одмора во кревет пет дена. Имаше шанси за брзо закрепнување и караванот да продолжи, но има и здравствени, технички и финансиски компликации кои доаѓаат со организацијата на толку голема турнеја, па бендот беше принуден целосно да ја откаже, односно да ја откаже европскиот дел од турнејата. Бендот се подготвува и за американска турнеја која започнува кон средината на август и трае два месеци, а друштво им прават култните германски рокери „Скорпионс“.

Можеби ќе ве интересира: