World Music

Почина легендарниот грчки композитор Вангелис

Легендарниот грчки композитор Вангелис Папатанасиу, почина на 79-годишна возраст. Вангелис починал во вторникот (17-ти мај)  во болница во Франција, каде што бил на лекување.

Композиторот беше најпознат по музиката за филмот „Chariots of Fire“ од 1981 за кој доби Оскар. Покрај тоа, тој напиша композиции за голем број познати филмови, како што се „Blade Runner“ (1982), „The Bounty“ (1984) и „1492: Conquest of Paradise“ (1992).

Евангелос Одисеј Папатанасију е роден на 29 март 1943 година во Агрија, приморски град во Магнезија, Тесалија, Грција, а пораснал во Атина. Вангелис развил интерес за музика уште во својата четврта година, компонирајќи на семејното пијано и експериментирајќи со звуците со ставање клинци и кујнски тави внатре во него и со радио пречки. Во текот на својата кариера напиша и компонираше околу 60 албуми, а музичките критичари го сметаат за еден од најголемите композитори на електронска музика на сите времиња.

Можеби ќе ве интересира: