World Music

Род Стјуарт ги продаде правата и каталогот на своите песни за 100 милиони долари

Според Wall Street Journal, компанијата Iconic Artists Group за споменатата сума ги купила правата на каталогот на Стјуарт, како и одредени права за користење на неговото име и лик.

Ова е втора голема продажба на права во светот на поп и рок музиката за помалку од една недела. Имено, Sony купи половина од правата на неговите изданија и песни од наследниците на Мајкл Џексон, чија вредност Њујорк Тајмс ја процени на 1,2 милијарди американски долари. Според порталот за музичка мрежа Билборд, Sony платил најмалку 600 милиони американски долари за половина од правата.

Пазарот за музички права е исклучително активен во последниве години, па легендарните музичари како Боб Дилан, Брус Спрингстин и Нил Јанг богато ги монетизираа своите каталози на песни.

Инвеститорите веруваат дека нивната инвестиција ќе се исплати многукратно во ера кога услугите за стриминг музика цветаат, имајќи предвид дека носителите на правата заработуваат од секое емитување на песни, продажба на албуми, употреба на музика за промотивни цели или во филмови и серии, што е пропишани со законите за авторски права.

Можеби ќе ве интересира: