World Music

Почина Рик Парфит, гитаристот на “Status Quo” (Фото)

Гитаристот на легендарната британска рок група “Status Quo”, Рик Парфит, починал во саботата на 68 годишна возраст во клиника во Шпанија, пренесе BBC. Рик Парфит починал во саботата на клиника во Шпанија, каде што бил примен во четвртокот поради повредата на рамото, изјавил менаџерот на музичарот. Сепак, тој не ја навел причината за смртта. Во октомври годинава гитаристот објави дека повеќе нема да настапува со групата, поради срцевиот удар кој го преживеа летово. Сериозните срцеви проблеми кај Парфит започнале уште во 1997-та година кога му била направена операција, поради што ја прекина за неколку месеци тогашната светска турнеја.

Парфит во “Status Quo” влегол во 1967-та година. Со паузи, поради напуштање на составот и повторното враќање, настапуваше со бендот до есента оваа година. Деби албумот на “Status Quo” е објавен во 1968-та година. Во 1970-те години групата се стекна со голема популарност и во Британија и во светот. Најголемата популарност на “Status Quo” им ја донесоа сингл хитовите “In the army now”, “Rockin’ all over the world” и “Down down”. Снимиле 30 студиски албуми, а тиражот на нивните “платинести” албуми надминува 110 милиони копии. Според бројот на албумите кои се искачиле на светските топ листи, “Status Quo” се втори, веднаш за “Rolling Stones” на Мик Џегер и Кит Ричардс.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: