Магазин

Доктор Дре е најбогатиот музичар на деценијата

Американскиот рапер и продуцент Доктор Дре е најбогатиот музичар на десетлетието, според топ листата на списанието “Форбс”. Неговата финансиска состојба се проценува на 950 милиони долари.

Неговиот последен албум “Compton” излезе во 2015-та година, но раперот е и со-основач и сопственик на 20 проценти од акциите на продуцентската компанија “Битс електроникс”, која што во 2014-та година беше купена од Епл.

Не второ место на листата на “Форбс” е американската кантри и поп пејачка Тејлор Свифт со 825 милиони долари, која е и најплатена музичарка за изминатата 2019-та година. По неа следи Бијонсе, што изминатите 10 години заработила 685 милиони долари.

На листата се наоѓаат уште и поп групата “Ју-ту”, раперот Диди, Елтон Џон, Џеј Зи, Пол Мекартни, Кејти Пери и Лејди Гага.

Можеби ќе ве интересира: