Балканленд

Хари: Се надевам ќе добијам вакцина, за мене тоа е најголема надеж

Хари Варшановиќ кој важи за една од најголемите балкански поп-ѕвезди пред неколку дена го прослави својот 60-ти роденден, а на крајот на 2020-та ја промовираше и својата нова песна „Ја нисам сам што немам никог, ја сам сам што немам тебе“.

По повод промоцијата на својата последна песна тој гостуваше во Белград, каде во интервју за српскиот портал Телеграф,  Хари беше прашан дали се надева дека наскоро ќе почне со концерти? Фронтемнот на „Хари Мата Хари“ одговори: „Се надевам ќе добијам вакцина, за мене тоа е најголема надеж“.

„Ќе примам. Што значи тоа која вакцина? Луѓето сега и бираат? Сјајно (се смее). Било која, само да ја примиме!“, додава Варешановиќ. Хари е прва музичка ѕвезда од просторите на поранешна Југославија која излезе во јавноста со став за вакцините против Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира: