Балканленд

Скандал: Ана Грубин нападната за време на шоуто

Многумина ако сеуште мислат дека “X Factor Adria” е само пеење, сигурно се лажете, тука негде има и мала доза на нетрпеливост помеѓу жирито, натпреварувачите итн, како што имавме прилика да видиме помеѓу Кристина Ковач и Жељко Јоксимовиќ. За жал сето тоа резултираше и на водителката Ана Грубин која за време на пробата не сакала да биде заедно на сцена со бившиот учесник од Црна Гора Славко Калезиќ.

Која е причината за тоа дали имало и пред тоа несогласувања или е само момент на нервоза сеуште незнаеме, но чашата се прелеала кога водителката бурно изреагирала со навредувачки зборови: “Тргнете ми го овој мајмун од сцената”. Но на тоа не останал и “покус” Славко Калезиќ после неговиот настап дотрчал до апартманот на водтелката и силно тропал сакајќи физички да се пресмета со неа укажувајќи и на тоа дека “затропала на погрешна врата”, за среќа тука било обезбедувањето кои ја смириле вжештената атмосфера.

Сепак ова е мал доказ дека ништо не е розово, можеби на сцената е сјајно како што изгледа, но позади неа е сосема друга слика за кој ние сеуште не сме имале прилика да го видиме на дело.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: