Балканленд

Жељко Митровиќ од Пинк во трка по рекорд, за 30 недели да сними 30 песни (Видео)

Српскиот бенд „MONX“ на сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, објави два нови спота за песните „Губи се“ и „Десиче се“. Двете песни се дел од предизвикот кој го прифати Жељко да сними 30 песни со спот за 30 недели. И двете видеа веќе имаат над 1 милион прегледи.

Главен вокал е Исидора Митиќ, поранешна натпреварувачка во „Пинкове ѕвездице“. Композитори на песните се: Жељко Митровиќ, Александар Вејновиќ, Милош Ковачевиќ и Марко Лабат. Автор на текстовите е Павле Бошковиќ познат како Газда Паја. Аранжманот е исто така на Жељко Митровиќ, Александар Вејновиќ, Милош Ковачевиќ и Марко Лабат.

Можеби ќе ве интересира: