Магазин

Јубилеј 30 години – Студио и Академија Леонтиќ (Фото)

30 години да опстоиш во овие турбулентни времиња е успех, но 30 години да умееш да станеш една успешната приказна и бренд препознатлив по својот квалитет во својата област е навистина голем успех.

Но, кога сме кај јубилеите, првата прослава на Леонтиќ е на десетгодишнината.

Леонтиќ го направи првиот бум, авангарден почеток на сцена со претставата “Жената низ векови” во драмски театар. На ревијата работеа ученици и тимот на вработени во Академија Леонтиќ. Учествуваа околу 100 учесници на самата сцена, и исто толкав тим на фризери и шминкери и козметичари позади сцената што ги подготвуваа. Учествуваа балетското студио Ребис, пејачката Тијана Дапчевиќ, Јелена Жугиќ, Амернис Нокшиќи, Ана Биновска, Алек Наумов, Катерина Шехтанска, Дејан Лилиќ и манекенките од студио Црнокрак. Модни креатори кои уествуваа се: Ненад Секирарски, Никола Ефтимов и др.

Васка Леонтиќ (53) е стилист, едукатор, и прв основач и менаџер на приватен центар за стручна обука во државата и прво средно во стручното образование „Академија Леонтиќ“. За да биде појасно на јавноста дејноста на Васка Леонтиќ се содржи во 3 фирми:

“Студио Леонтиќ” е најстарата фирма активна веќе 30 години и е салон за убавина, за фризерски и козметички, масерски услуги, маникир, педикир, шминка и солариум, каде Леонтиќ сеуште активно работи со клиентите. Приватното средно училиште ПСУ “Академија Леонтиќ”, во кое завршиле четири генерации. Во моментот е во мирување, бидејќи во тек се реформи, каде што е потребно да се воведат новитети. Целта е да се биде поактуелен на пазарот на трудот, тоа значи и воведување на нови поактуелни профили, модуларни пакети, како модниот стилизам и сл, каде што идните ученици ќе бидат конкурентни и полесно ќе најдат вработување и ќе отворат сопствени салони.

Приватен центар за стручна обука ПЦСО “Академија Леонтиќ”, активно работи, каде се вршат обуки за фризери, шминкери, козметичари и масери, во траење од година дена, 6 месеци, 3 месеци и кратки обуки. Наменети за лица од 18 год, па дури и за доусовршување на лица на 60+ години, што значи нема старосна ограниченост. Ќе се воведе модниот стилизам, специјалистички, мајсторски испити за полагање, обуки за мануелни работи, како изработка на украси и модни детали.

По што се разликува Васка Леонтиќ!?… Самите почетоци на нејзиното работење и првите појавувања во јавноста се одликуваат со нејзината креативност и авангардното изразување. Силен заштитен знак во работата на Васка Леонтиќ се начинот на кои ги одбирала модните додатоци и екстензии при изработка на свечени фризури, а идејата за профит не била на прво место како млад менаџер, а потоа лидер во бизнисот. Најраните патувања во Лондон и Париз, на Васка и отвораат и нови светови, а запознавањето на колегите од странство и согледувањето на вреднувањето на младите стилисти и нивната желба за соработка, го создава поривот за капитални дела, верификации, инвестиции во недвижности.

Сите нејзини патувања и контакти по семинари и други стручни усовршувања, само потврдуваат дека покрај креативноста, компанијата треба да има верификација на својата вредност, односно траен белег, со кој ќе привлече и странски инвеститори или идни партнери за соработка. Кај неа приматот е убавината, модниот стилизам, односно се што е поврзано со уметноста. Присутна на сите културни и модни настани, семинари, театарска сцена и настапи пред медиумите уште од бивша Југославија. Остварувањето на тој контакт со луѓето, споделувањето и моментот на взаемното давање на енергија, е нешто што посебно ја исполнува и и дава мотив за поголем развој.

Васка Леонтиќ со нејзиното огромно 30 годишно искуство позади себе, повторно го реновира салонот, повторно се внесуваат сите иновации, новитети и освежување, во поглед на технологијата, апаратурата и машините. Се е согласно потребите на луѓето и со многу љубов . Да не се заборават изумрените занаети, да ги оживее и модифицира и прилагоди со новите тековни промени и да ги понуди на младите генерации. Активно ги следи клиентите и нивните потреби, барања за индивидуален пристап кон нив, совет, креирање на имиџ… Со еден збор ментално и духовно да бидат исполнети во еден мир и спокој, каде би се пронашле самите себе си во тој час или два. Оттука произлегува и успешноста на Студио Леонтиќ.

Центарот за стручна обука „Академија Леонтиќ“ е единствен кој веќе 15 години остварува соработки со европските проекти, кои отвораат друг правец и друга визија за работата. Како дел од секторската програма ЕРАЗМУС+, учениците и наставниот кадар имаа можност да посетат врвни училишта во Европа и да бидат дел од обуките и праксата што ја овозможуваат.

Посетени се повеќе странски држави како Латвија (Рига), Литванија, Шведска, Португалија, Италија, Словенија, Чешка, Полска, Хрватска, Турција, Ирска,.. а од особено значење се сертификатите со кои се стекнуваат учениците на крајот од обуката.

Уписите во Приватен центар за стручна обука ПЦСО “Академија Леонтиќ”, се во тек. За сите подетални информации Ве покануваме да дојдете на нивниот веб сајт: Акадамија Леонтиќ.

Можеби ќе ве интересира: