Магазин

Како музиката влијае на кучињата? Прочитајте што вели најновото истражување (Фото)

Музиката може да ја намали анксиозноста, да го намали нервното однесување и да го намали лаењето и ржењето. Но, постои победничка формула музиката навистина да влијае на нас и нашите миленици, а тајната е во фреквенцијата.

Додека ја истражувал музиката, Тајрел знаел дека класичната музика, како Моцарт, Бетовен, Бах и други, има одреден добар ефект за домашните миленици. Но, во создавањето музика која има различни фреквенции, тој пронашол сосема нов концепт на музика кој е на сосема ново ниво. Тоа е како музика во лифт – не ви досадува, всушност ве релаксира.

Мајкл е основач на музиката „Wholetones“ и истоимениот канал на YouTube, каде што објавува примери од неговите дела. Неговите колекции се состојат од различни фреквенции кои ја будат позитивната енергија и ја намалуваат секоја негативност.

Но, што всушност е фреквенцијата? Целата музика се создава со помош на фреквенција – а еден херц значи дека има еден звучен бран во секунда. Совршената музика на Тајрел за смирување на кучињата е составена на фреквенција од 396 херци или 396 звучни бранови во секунда.

Овие работи нема да значат ништо за просечниот човек, бидејќи знаете каква музика сакате и дали е добра. Но, тоа што не го знаете е дека ја чувствувате фреквенцијата без разлика дали сте свесни за тоа или не. Затоа неговата музика може да биде добра за кучињата, бидејќи тие ја чувствуваат фреквенцијата малку поинаку од нас. Споредете го со свирче за кучиња – ние не го слушаме, тие го слушаат, и сето тоа е поради фреквенцијата.

Животните се чувствителни на овие фреквенции и можат да ги слушнат дури и кога звукот е многу намален, вели Тајрел. Значи, ако имате куче кое не слуша добро (поради старост или некој здравствен проблем), обидете се да пуштате музика на фреквенција од 396 херци. Сигурно ќе се случат промени во неговото однесување, особено ако одвреме-навреме лае и ’ржи.

Следниот пат кога вашето домашно милениче ќе биде во стресна ситуација, пуштете ги звуците на медитација (или Wholetones, музиката на Мајкл) на одредена фреквенција и внимавајте дали неговото однесување се менува, односно дали се смирува.

Можеби ќе ве интересира: