Магазин

Сенките си поигруваат врз празните улици во Скопје (Видео)

Знаеме дека сите градови за време на забраната за движење изгледаат некако надреално, постапокалиптично. Тие слики ни се тажни, тешко прифаќаме дека врвулиците од нашите малечки гратчиња не се повеќе дел од крвотокот, не жуборат на ист начин. Како пресечени вени, такви безживотни се улиците. И се уште е неверојатно дека поранешното живеење е само во нашата свест. Во сеќавањата од пред месец, два, минатото лето.

Но, главниот град? Во Скопје каде живеат повеќе од 800.000 илјади жители, сигурно не е сеедно кога ќе го видиме соголено од луѓе, од движења, од забрзаните чекори на оние кои што постојано некаде итаат и никако не стигнуваат.

Токму вакво, разбременето и речиси уметнички исчистено од знаци на постоење го доловил снимателот Љубомир Бубе Домазетов. Тој вели дека во ова време на притаеност, сака да ги зачувува најубавите моменти од мирнотијата на Скопје, како сенките си поигруваат врз празните улици и како во сето ова има нешто убаво. Надеж.

Автор на текстот: Сузана Мицева, ТВ Вис Струмица

Видео: Љубомир Бубе Домазетов, 4-ти април 2020 година

Можеби ќе ве интересира: