Музика на кирилица

Во сон почина музичарот Денис Демиров

Естрадата и блиски пријатели на социјалните мрежи во неверување се простуваат со музичарот Денис Демиров од Скопје. Тој долги години наназад беше гитарист во групата ,,Газоза бенд” а починал утринава, на свои 38 години.

Веста за неговата смрт ни ја потврди и неговиот колега Џамбо Агушев, кој вели дека според првичните информации кои ги добил, Демиров починал дома, во сон. Имал проблеми со шеќерот и висок крвен притисок.

“Многу жално, Денис над 20 години беше дел од естрадата. Сите сме затекнати, млад човек”, изјави Агушев.

Поради неговата прерана смрт, по повод 8-ми Април, Светскиот ден на Ромите, од тимот на Рома Прес информираат дека сите денешни активности, емисии во живо, теренски известувања и планирани дебатни трибини поврзани со одбележувањето на Денот на Ромите ќе бидат одложени за утре.

извор: Фокус

Можеби ќе ве интересира: