Музика на кирилица

Ѓоко Јовиќ ја промовираше новата “За Велигден” (Видео)

Естрадниот уметник Ѓоко Јовиќ во вистински момент ја објави својата нова песна “За Велигден” која што дефинитивно нема да ве остави рамнодушни. Музиката е на самиот Јовиќ, додека автор на стиховите е Александар Стевановски, а аранжманот го потпишува Дамир Имери.

Песната е снимена и миксана во студиото “Анастасија” од страна на Љупчо Павловски, кој го правел и мастерингот на истата. Видео спотот е дело на IN Продукција, а сите вокали ги пее самиот изведувач. Како звучи новата песна на пејачот Јовиќ, слушнете и погледнете во продолжение.

Можеби ќе ве интересира: