Музика на кирилица

Нови рестриктивни мерки – угостителите и естрадните уметници повторно најпогодени

Нови рестриктивни мерки на Владата. Угостителските објекти целосно затворени. На 30.000 вработени во оваа дејност им се заканува отказ од работа. Како угостителите да ја преживеат коронавирус кризата? 

На оваа тема утрово во “Студио 10” зборуваа Здравко Јосифовски, претседател на Независниот угостителски  синдикат, Горјан Стојановски, претседател на Здружението на естрадни уметници – “ЕСТРАДА” и Горан Арсовски, претседател на Здужението на ноќни клубови.

“Како комора секогаш сме кажувале дека јавното здравје е најважно за сите. Уште од самиот старт имаме кажано дека ќе ги почитуваме сите мерки што ги донела комисијата за заразни болести. Меѓутоа, доколку мерките се селективни и се наметнати за угостителската индустрија треба да бидат пропратени со некаква финансиска поддршка за да може да преживееме во тој период. Не се спорни мерките, ние дури самсотојно кажавме дека сме спремни да ги затвориме локалите, не само на две недели, туку и на месец дена доколку тоа го реши проблемот со коронавирусот и доколку тоа ни овозможи после тоа нормално работење и генерарње на приходи од кои ќе можме да егзистираме”, изјави Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора.

“Ние сме посебно заборавени не само од власта туку и од народот. Нема никаква продукција, нема каде да се видат музичарите, нема каде да настапуваат и не трпи само финансиската страна туку сето ова влијае на градењето на нашата кариера. Овие две години македoнската музика потполно стагнираше. Свесни сме сите дека спортот и музиката се главни промотери на нашата земја. Политичарите сакаат да бидат популарни, па ни ја земаат и нашата работа. Од тој апсект е добро да се помогне малку повеќе и да се погледне надолу кај обичниот народ за да видат која е реалната финансиска ситуација на народот и на нашата бранша”, додаде Горјан Стојановски, претседателот на Здружението на естрадни уметници – “ЕСТРАДА”.

Автор: 24.мк

Можеби ќе ве интересира: