Музика на кирилица

Горан Милошески: Пепи Димоска си ја купи Гран При наградата на “Канео фест 2015”

Изминатиот викенд во Охрид се оддржа 14-то издание на познатиот музички фестивал “Канео фест”. Оваа година, за разлика од изминатите, настапија еминентни музички имиња кои се веќе докажани пред македонската јавност и секако имаат своја публика и фанови. Еден од директните учесници и секако индиректно со учество на свои композиции и ексклузивци од својата продукција е и познатиот музичар, продуцент, пејач и сопственик на студиото и продукција “Кактус” – Горан Милошески.

Поради лошата организација, сите случувања пред, за време на одржувањето и по фестивалот “Канео фест” тој поради незадоволството и сите работи кои лично ги видел и имал прилика да ги дознае, ја контактираше редакцијата на нашиот специјализиран македонски музички портал Музика24 за да даде изјава и да го каже она што смета дека македонската јавност треба да го знае, зошто “Канео фест” пополека но сигурно пропаѓа и зошто македонската музика е на ова ниво на кое што е денес.

“Како еден продуцент кој што има своја продуценска куќа, стапивме во контакт со директорот на Телевизија Морис – Јован кој сакаше да му обезбедам пејачи кои ќе учествуваат оваа година на “Канео фест”. Четири композиции од кои едната беше позната пејачка, Маријана Андонова која досега се има појавено на неколку фестивали меѓу кој и “Макфест”, работи како професор по диригирање. Една мала дебитантка, потоа Оливер Глигоров еден прекрасен пејач кои пее и народна, но и забавна музика. Доста млад композитор. Тој на Канео ја пееше композицијата “Афродита” и Ефтимија Јованова ќерка на познатиот директор на “Макфест” Трајче Јованов.

Освен свои композиции, на фестивалот ги донесов и младот поп-рок пејач Борис Цветановски, познатата поп пејачка Марија Бунда која што победи на “Макфест” во 2013-та година и јас како учесник во ревијалниот дел. Сите тие се дел од мојата продукција и јас на фестивалот ги донесов бесплатно и шоу програмата (ревијалниот дел) го обезбедив. Јас пеев добар половина час. Сето тоа беше бесплатно, се со намера да се крене овогодинешното издание на фестивалот. Бидејќи јас со Вили (поранешниот организатор на “Канео фест”) заедно сме со создале овој фестивал далечната 2002 -ра година и целта ми беше да му помогнам, да направиме нешто. Дури првата фолк вечер дадов неколку големи награди и тоа на првонаградените Гран При на групата “Кале” им дадов бесплатно снимање на албум во моето студио и продукција, многу од првонаградените композиции добија бесплатно снимање на песна. А верувајте, тоа се големи пари. Снимање на еден албум само чини околу 7000-8000 илјади евра, а јас тоа го давам гратис, бесплатно и пред се да го кренам фестивалот и името на фестивалот.

Goran MiloseskiНо оваа година некој се поигра со моето знаење, со она што јас лично сакав да помогнам. Ме срушија мене, знаејќи ме мене на овој фестивал дојде директорот на “Макфест” Трајче Јованов кој јас лично го поканив. А многу добро знаеме кој е Трајче Јованов. Она што се случуваше беше голема брука за јавноста. Дадоа награди онаму каде што не треба. Имаше една композиција која што буквално беше турбо-фолкерска и која што требаше да влезе во претходната вечер, а не во поп вечерта, младиот пејач дури доби и награда. Немам ништо против, но неможе да добие награда една маркатна личност, која што воопшто не е ни пејач, а и незнае ни да пее тоа можат да го докажат многу луѓе, Пепи Димоска која доби награда всушност таа ја купи наградата. Доби награда Гран При, награда која што јас ја оспорив и нема да ја доделам. Прво не и доликуваше да пее таму, јас со неа имав и конфликт таа сакаше да снима кај мене и не и дозволив. Инаку Гран При наградата требаше да добие снимање на бесплатен албум, но дефинитивно нема да ја дадам таква награда. Гран При наградата не може да ја добие Пепи личност која што нема појма од пеење, пред се не и доликува да биде на тој фестивал без разлика дека таа доаѓа од Германија, ние знаеме како таа ја освои таа награда. Наградата е купена. Имаше и скандал, таа објавила некои мои закани, тоа всушност не се закани ако една личност не знае да пее. Има едно правило во музиката, тој што незнае да пее да не биде таму, да не им зема место на младите. Прво таа е баба која што има внуци и не и е тука местото. Таа личност не смее да се појави толку е маркантна што треба да и се забрани да излезе на фестивал. Видовте и вие, бевте дел од фестивалот, како се смееше публиката кога таа излезе на сцената. Неможе да се стави таа да пее, пеела изминатата вечер во фолк вечерта, таа вечер директорот ми се јави го уценила за да настапи и да победи. А претходно истата вечер пеела на друг фестивал. Така не може по фестивали. Затоа “Канео фест” ќе го снема. Затоа младите потоа не пејат по фестивалите. Тој фестивал, ако заборавиле организаторите, е создаден за младите музички имиња, вака на овој начин не може да одиме напред. Затоа ние немаме македонска музика. Јас оваа година донесов многу луѓе на тој фестивал, и имав идеја и желба другата година да биде уште подобро, но кога гледам дека некој таму си игра и дека за 100-200 евра се продава… Јас за тој фестивал, ако добро се пресмета, имам дадено награди во износ околу 10.000 илјади евра. Јас тие награди ќе ги доделам, односно, она што сум го ветил ќе го исполнам, но тие што го направија тоа направија лошо само за својот фестивал. Јас им благодарам што добро не сместија, но организационо, сценски… сцената беше очајно лоша. Тоа не беше сцена. Јас им велев не правете нешто за да се срамите. Верувајте ми, не може фестивал без ЦД издание, значи ништо… Можеби Јован (директорот на фестивалот) ќе ми замери, но јас ова го кажувам добронамерно, ако незнаат ќе им помогнам, јас на многу фестивали сум им помогнал и нив ќе им помогнам. Но гледам не сакаат помош тие. Песната на неколку пати ја погрешија на толкава еминентна музичка фолк ѕвезда Благица Павловска, на што личи тоа кажете ми, нешто невкусно, нешто неубаво.

Инаку, што беше пробломот со Пепи Димоска. Таа сакаше кај мене да сними композиција преку сопственикот на Радио Лав од Охрид, нејзин пријател. Јас го одбив, колку и пари да сака да плати, таа кај мене не доликува да снима. Кај мене снимаат големи луѓе, и нема да снима таа. Прво не е човек, каде и да има влезно има правено расправии… Ми се јави и колегата од Виница каде што таа снимала, јас никаков проблем не направив, а можев да му се јавам и да му кажам да не снима. Ако таа заборавила кој е Горан Милошески, нека отвори интернет нека се распраша кој е Горан Милошески, каде пеел кој се има снимено тука композиции, меѓудругите и Тоше е еден од музичките имиња кои поминале низ ова студио сите снимале и ќе снимаат, само таа не”, изјави ексклузивно за нашиот музички портал Музика24 познатиот музичар и продуцент Горан Милошески по повод случувањата поврзани со “Канео фест” и местењето и купување награди како што вели самиот Милошески.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: