Музика на кирилица

Скандал: Дали „Лажна вистина“ на Даниел Сидовски е визуелно исто што и „Не е прекасно за среќа“ на Ѓоко Јовиќ (Фото)

Даниел Сидовски, алијас Jack Daniel неодамна го објави името на неговата нова група „Story band“ откако претходно истакна дека дотогашната група „Респекти“ оди во заборав. Покрај живите свирки со „Story band“ Џек паралелно работи и на создавање на нови музички дела, односно го комплетира својот прв албум со поп песни зад кои што тој самиот се јавува како текстописец. Така е и со песната „Лажна вистина“ која што ја објави сега, со исклучок на тоа што за оваа песна тој се јавува како комплетен автор на музика и текст.

Песната беше одбележана и со спот снимен со продукција од Охрид кој што веднаш беше осуден од верните фанови на Ѓоко Јовиќ, кој што моментално се наоѓа во Австралија на турнеја.

Имено, текстописецот и верен обожавател на Ѓоко Јовиќ на Фејсбук објави статус кој беше поткрепен со факти од кои можат да се забележат сите украдени кадри од песна на Ѓоко која што е насловена како „Не е прекасно за среќа“, односно сите сличности во двата спота, и тоа е скоцкано во пакет со описот во објавата.

„Ќе речете сеир си фаќам, ама Не. И ако речете – срам да ви е. Инаку, ова е, за волја на вистината, првата песна на Даниел која што на мене ми се свиѓа (заради текстот). И јас така десет текста ќе напишам, еден ќе погодам.Толку случајности има во спотот на Даниел со спотот на Ѓоко, ќе речеш, роднини се па исто размислуваат, а јас и не верувам дека даниел приватно го слуша Ѓоко поради обврските и немањето време, а камо ли па идеи да му краде за спотови“, напиша Александар на Фејсбук.

Негодувањето заради истите кадри е во голема мера, а колкав е процентот на саркастичност во самата објава во која што Александар вешто ја сокрил пораката испратена меѓу редови до Џек, проценете сами.

Можеби ќе ве интересира: