Премиера

24 Промо: Виктор Апостоловски – “Ми фалиш ти” (Видео)

“Ми фалиш ти” е новото видео кое што младиот битолчанец Виктор Апостоловски го промовираше во Скопје, во еден од скопските ресторани. Како што самиот изјави на прес конференцијата за новинарите, оваа песна долго време стоела во неговата фиока, само било прашање на ден кога ќе излезе во јавноста.

“Песната ја напишав неколку дена откако Јана го напушти музичкото шоу, кое не спои. Долго време стоеше во една од моите тетратки и кога одлучив да ја објавам, сфатив дека звучи малку патетично, па морав да ја променам”, изјави Виктор во врска со неговата нова песна.

Песната е комплетно дело на младиот битолчанец, а неговото ново видео го реализираше “Тривиа продукција”. Во истото се појавува младата маникенка Ангела Митева, а интересно нешто во новото видео е тоа што во ниеден кадар тој не пее, туку едноставно глуми. Како што и самиот изјави, оваа негова нова песна е само најва за што следува, а станува збор за деби албум кој што би требало да се појави во фебруари следната 2014-та година.

“Периодов сум комплетно исполнет како личност затоа што го подготвувам моето првенче и сакам да го подарам на понежниот пол на празникот “Св. Валентин”. Песните се во модерен стил и едвај чекам да ги споделам со моите поддржувачи”, додаде Виктор.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: