Премиера

“Fiction” се претставуваат со преработка на светски евергрин (Видео)

“Fiction” е ново акустично трио од Скопје, составено од Петар Ѓуревски (вокал, перкусии), Виктор Захариев (гитара, пратечки вокал), Филип Андонов (гитара, пратечки вокал). Неодамна ја промовираа нивна преработка на песната “How deep is your love” на Calvin Harris & Disciples. Во продолжение ви предлагаме да ја преслушате и видите нивната преработка, а воедно со ова ги охрабруваме и останатите познати и непознати музичари во Република Македонија и пошироко да ни испраќаат нивни преработки со што би можеле да ги промовираме на нашиот музички портал, како вие и сите останати би дознале за нивните таленти и музички способности.

Подготви: ВЃП

Можеби ќе ве интересира: