Премиера

Музика во книга: „Press & Play“ – Ненад Георгиевски

Оваа недела во рубриката „Музика во книга“ Ви претставуваме уште едно издание на издавачката куќа Арс Ламина. „Press & Play“ е составена од рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрин, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ итн.

“Книгата претставува збир од мои текстови за македонската музичка култура кои ги имам пишувано 15 години за „All About Jazz“. Се работи за рецензии на изданија и концерти на различни генерации македонски музичари. Со години, тие текстови претставуваа единствен увид за тоа што се случувало креативно на музички план во Македонија, но напишано на јазик и платформа каде милиони читатели имале пристап. На неа гледам како на важен документ за современата македонска музичка култура. Потенцијалот за допирање до читатели надвор од границите на Македонија со ваква содржина е огромен и тоа сигурно ќе го направиме. Целта на самата книга е да даде преглед за современата македонска музичка култура и тоа ни е врежано во кодот за нејзина промоција”, вели Георгиевски за својата трета книга.

„Press & Play“ е дело целосно на англиски јазик а е распослано на 200 страници во кои секој вљубеник во музиката може да ужива. Книгата е достапна за нарачка на веб-страницата literatura.mk и во книжарниците на „Литература“ во Скопје и Битола. Кои се наоѓаат во Т.Ц. БуњаковецГТЦВеро ЦентарСити молул. „Македонија“ во Скопје односно на Широк сокак во Битола. 

Можеби ќе ве интересира: