World Music

Македонци го продуцираа новото видео на светски познатиот Ед Ширан (Видео)

Ед Ширан на неговата Фејсбук страница премиерно ја објави стрип-анимацијата за својот последен хит “Bad habits” зад која во целост стојат македонските креативци од „351 Студио“. Стрип анимацаијата е во стилот на стриповите од 60-те и 70-те години, видеото доби позитивни критики од фановите на музичарот. По официјалната премиера на Фејсбук, видеото е веќе достапно и на официјалниот YouTube канал на Ед Ширан како и на останатите платформи за видео содржини.

„Продукцијата на видеото на Ед Ширан е само продолжување на успешната соработка која „351 Студио“ ја има со најголемите светски музички имиња како Бруно Марс, Карди Би, Виз Калифа, Мигос, 21 Пилотс, Тиесто, Ариана Гранде, Зејн, Ники Минаж и најголемите светски издавачки куќи Ворнер Мјузик, Универзал Мјузик, Сони Мјузик и нивните лејблови „Atlantic Records“, „Capitol Records“, „Def Jam“, „Columbia Records“, „Ultra“, „Spinnin Records“, „Armada Music. За шест години постоење, „351 Студио“ изработи изработено повеќе од 2.300 видеа, зад кои стојат потписите на 30-тина млади креативци од нашата земја“, велат од „351 Студио“.

Инаку, синглот “Bad habits” беше официјално објавен на 25-ти јуни, а повеќе од два месеци е на број еден на британската топ листа и на врвот на речиси сите топ листи ширум светот.

Можеби ќе ве интересира: