Во прв ред

Со концерт во Отешево ќе се прослави укинувањето на роамингот во Западен Балкан

Концерт со повеќе групи и диџеи од регионот ќе се одржи на 1-ви јули во Отешево за да се одбележи укинувањето на роамингот на Западен Балкан, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС).

На концертот „All-Western Balkans Jam“, што ќе се одржи со поддршка на Владата на Македонија, ќе настапат S.A.R.S., UZUN BABA OG! – SEKTOR 909, URAN B, HELEM NEJSE, DJ SARDI и WHO SEE (С.А.Р.С. од Србија, „Узун Баба ОГ-Сектор 909“ од Македонија, „Урбан Б“ од Косово, „Хелем Нејсе“ од Босна и Херцеговина, „Ди џеј Сарти“ од Албанија и „Ху Си“ од Црна Гора).

Концертот ќе се одржи на плажата „Лејк вју“ во Отешево со почеток од 19 часот, а ќе може да се следи и на Јутјуб каналот на РСС, кој е организатор на концертот.

Можеби ќе ве интересира: