World Music

Адел прогласена за најпродавана британска артистка на 21-ви век

Британската фонографска индустрија ја прогласи пејачката Адел за најпродавана музичарка на 21-ви век, надминувајќи ги Мадона, Бијонсе, Лејди Гага и Ријана.

Топ 10 британски артистки – 2000 to 2021
1. Адел
2. Пинк
3. Мадона
4. Ријана
5. Дајдо
6. Еми Вајнхаус
7. Кајли Миног
8. Бијонсе
9. Бритни Спирс
10. Лејди Гага

Како што е објавено и сите три албуми на Адел, „19“ (2008), „21“ (2011) и „25“ (2015), котираат на листата на десетте најпродавани албуми снимени од жени.

Топ 10 албуми од женски артисти – 2000 to 2021
1. „21“ – Адел
2. „Back To Black“ – Ејми Вајнхаус
3. „25“ – Адел
4. „Spirit“ – Леона Луис
5. „Fame“ – Лејди Гага
6. „No Angel“ – Дајдо
7. „Life For Rent“ – Дајдо
8. „Come Away With Me“ – Нора Џејмс
9. „19“ – Адел
10. „Our Version Of Events“ – Емели Санде

Нејзиниот втор албум „21“ само во Велика Британија се продал во шест милиони примероци, со што се наоѓа на првото место во овој век. По неа следува албумот  „Back To Black“ на Ејми Вајнхаус, за на третото место повторно да се појави Адел со албумот „25“. Нејзиниот прв албум  „19“ пак се наоѓа на претпоследното 9-то место на престижната листа.

Можеби ќе ве интересира: