World Music

Роби Вилијамс јавно бара девојки за неговиот нов спот

Британската поп икона Роби Вилијамс за потребите на снимањето на новиот спот, преку оглас бара две девојки кои интензивно ќе се бакнуваат во една сцена, јави магазинот “Сан”. Двете девојки, на возраст меѓу 18 и 30 години, “мораат да имаат долга коса”, а нивната дневница за “глумењето” во спотот ќе изнесува 50 фунти. Песната за која ќе се снима овој спот претставува соработка на Роби со раперот Џејл Емлин, а таа ќе се наоѓа на наредниот албум на Вилијамс, кој ќе излезе на пролет следната година.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: