World Music

Тејлор Свифт влезе во музичката историја, по четврти пат освои Греми

Пејачката Тејлор Свифт влезе во историјата на американската музичка сцена во неделата на 66-тото доделување на Греми наградите освојувајќи ја наградата за албум на годината по четврти пат, највисоката награда што ја доделува Академијата за снимање уметности и науки (НАРАС).

Тејлор Свифт (34) ја доби наградата за албум на годината за „Midnights“, а наградата ја доби од Селин Дион. Со таа награда таа влезе во редот на најнаградуваните пејачи како Френк Синатра, Стиви Вондер и Пол Сајмон.

Пејачката доби и Греми за најдобар поп албум, а на свеченоста најави дека нејзиниот нов опус „The Tortured Poets Department“ ќе излезе на 19 април. Тејлор Свифт го потврди статусот на „кралица на попот“ откако магазинот „Тајм“ ја прогласи за „Личност на годината за 2023 година“.

Нејзината „Eras Tour“ беше огромен успех. Таа заработи повеќе од 1 милијарда долари приход за време на 60 концерти минатата година, сума што досега не била видена во музичката историја.

Можеби ќе ве интересира: