World Music

Џорџ Мајкл со три неиздадени албуми

Британскиот пејач Џорџ Мајкл, кој почина во неделата на 54 годишна возраст, оставил како наследство три албуми кои не се издадени, бидејќи ги сметал за неуспешни, пишува лондонскиот весник “Дејли мирор”. Работните наслови на албумите се: “Trojan Souls”, “Extended Plaything” и “White Light”. Близок до покојниот уметник музичар вели дека Џорџ Мајкл бил исклучителен перфекционист и целосно го контролирал издавањето на дела. Мајкл продал околу 100 милиони копии на своите записи, што го прави еден од најуспешните поп изведувачи во светот.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: