World Music

Светски познати музичари одбиваат да пејат на претседателската инаугурација на Доналд Трамп

Последниот изведувач, кој одби да пее на официјалната церемонија на инаугурацијата на новиот претседател на САД на 20-ти јануари е француско-канадската ѕвезда Селин Дион. Првично пријател на Трамп го уверил милијардерот дека ќе обезбеди присуство на Дион, но таа директно одбила. Трамп веќе го одби и Сер Елтон Џон.

Други познати личности, на кои им се направени понуди за учество, исто така ја одбија поканата. Екипата на Трамп негира дека има проблеми со обезбедување на престижни изведувачи на настанот, а претставник на близок до новоизбраниот претседател богаташ одрекол дека се ангажирал да обезбеди конкретни изведувачи, вклучувајќи јаДион.

Досега единствениот кој потврдил дека ќе се вклучи, е 16-годишната учесничка во “Америка бара талент” Џеки Иванчо, откритие на канадскиот текстописец и продуцент Дејвид Фрост.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: