Во прв ред

“Push it to the limit festival” на 13 Јуни во Битола

Со големо задоволство ви го најавуваме првoто издание на “Push it to the limit festival” во Битола. За прв пат во Битола фестивал од ваков вид на квалитетна музика. Заборавете на проблемите и бидете дел од овој настан. За овој ексклузивен настан во Битола ќе се погрижи еден светски познат DJ и два локални DJ-и.

Adriano Fuerte, е хрватски DJ/Продуцент кој е на патот кон освојување на електронската сцена. Талентот на Адриано за многу краток период излезе на виделина. После неговото 3-то место на “DJ Was Burn Residencе” натпреварот за Српско/Хрватскиот регион, каде од 200 учесници тој го доби третото место во 2012-та година, неговата популарност го достигна врвот во 2013-та година. Почетокот на својата успешна кариера Адриано ja започна кога беше повикан да настапува на ULTRA Music Festival заедно со Hardwell, Nicky Romero, Ned Shepard и многу повеќе светски познати и почитувани имиња. Оваа шанса Адриано ја искористи за поуспешно навлегување во светот на електронската сцена. Откако настапуваше на ULTRА, издаде две песни, со кои постигна многу голем успех за краток временски период. Со ремиксот “ The Carnival “ тој доби голема поддршка од Tiesto’s Club Life во 2014 година.Исто така, неговата соработка ‘’Counting She Days’’ со

( Heidi Anne, кој има соработувано со Lil Wayne,T-Pain, BodyBangers) започнува да добива голема подршка и популарност. Во 2014 година, Адрино се вклучи во Strobe Management и во нова компанија во Лондон која што ги претствува најдобрите Европски ДЈ на EDM сцената.

BOC.A: Некои луѓе се раѓаат со желба и талент за музика, но јас не бев еден од тие луѓе. Започнав да добивам желба за музиката на 19 години и секој ден таа желба расте се повеќе и повеќе. Мислам дека желбата за квалитетна музика никогаш нема да се изгуби. Тој тип на музика е прогласен за музика на лудите и чудни луѓе. Јас би рекол дека е музика која е за луѓе со одреден животен стил. Не зборувам за House музиката која ја слушаме секојдневно на радио и други медиуми, но зборувам за вистинската и квалитетна house музика – редок вид во ова време на измешани вредности. Посветувајќи повеќе од пола ден разгледувајќи квалитетни песни и нивно слушање цели вечерни часови, длабоко сум убеден дека имам капацитет, ентузијазам и мотивација да ја работам оваа работа и секој ден да сум посветен на неа. Некои тоа го прават за пари, други за слава, но вистинските љубители на музиката тоа го прават со љубов и страст. Повеќе за мене и мојот стил на музика: http://soundcloud.com/djboca

Mario Eddie односно Марио Кузмановски, со музика се бави од млади нозе, наследувајќи го својот татко како DJ, свири пијано, гитара, продуцира лично негова музика и прави преработки на топ хитови. Најпрво започна да пушта музика по радио станици, а подоцна и во локалите во Прилеп и пошироко низ цела Македонија, за брзо време и надвор до границите на Македонија. Има настапувано во Косово so DJ Duo Diamonds – White Party, исто така има настапувано како WarmUp на светскиот дј Roger Sanchez во Метрополис Арена, Скопје. Mario Eddie беше дел од најдоброто македонско електронско дуо Future INC.

Од Битола за Музика24.мк – Јовица Пауноски

Можеби ќе ве интересира: