Во прв ред

“Skopje Calling 2017” се сели на стадионот на АРМ

Како што не информираат од Авалон продукција, организатори на веќе најавениот “Skopje Calling 2017”, поради Супер купот во фудбал, предвидениот настан нема да се одржи во Телеком Арената и поради тоа, истата се префрлува на повеќе од соодветен простор, на стадионот на АРМ, којшто е буквално до Телеком Арената во Скопје.
Капацитетот останува ист, 20 илјади посетители, а билетите со истите категории (кои се продадени во количина од повеќе од пет илјади влезници низ целиот овој дел на Европа) ќе важат и за оваа локација.

Поради оваа измена, логично е на истата локација да биде и настапот на Thievery Corporation, којшто ќе биде уште поспектакуларен, бидејќи ќе се користи истата бина и продукција која ќе биде наменета за настапот на Martin Garrix на 23 јуни, со тоа што за Thievery Corporation, просторот ќе биде адаптиран со капацитет од 5.000 посетители.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: