World Music

По 20 години повторно Боуви на првото место

Британската рок легенда Дејвид Боуви со својот нов албум “The next day” по 20 години во неделата се врати на првото место на британската топ листа. Дејвид Боуви во јануари ја изненади музичката јавност по десетгодишна творечка пауза кога го објави синглот “Where are we now?”. Оваа песна е објавена токму на денот на неговиот 66-ти роденден, а е прва на неговиот прв дискографски труд од албумот “Reality” издаден во 2003-та година. Синглот од албумот “The Next Day” кој беше сниман цели две години во потполна тајност, беше објавен минатата седмица. Веќе е продаден во тираж од 94 илјади примероци во Велика Британија и со тоа стана најбрзо продаваниот албум во земјата досега во 2013 година.

Британскиот весник “The Independent” го прогласи за најдобар повратнички албум во историјата на рокот, а позитивни критики, дури и восхитувања дојдоа и од други страни. Боуви на овој албум работеше со својот долгогодишен соработник Тини Висконти, кој како продуцент се потпишува на 12 од вкупно 24-те албуми на музичарот. Легендарниот Боуви последен пат на првото место на топ лисите за албуми беше во 1993-та со материјалот “Black tie white noise”.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: