Балканленд

Добар обид на Преслава (Фото + Видео)

Познатата бугарска поп пејачка Преслава која што ја знаеме по познатите хитови од Планета ТВ, пред неколку дена гостуваше во големото и познато тв шоу на Слевеј Трифонов. Таа освен што ги сподели новите информации во врска со нејзината музичка кариера, професионалниот и приватен живот, меѓудругите песни кои ги отпеа во емисијата беше и македонската народна песна која што веруваме нема кој не ја знае “Јовано, Јованке”.

Одличниот аранжман, музика која што што беше отсвирена во живо од “Ку-Ку” бенд и секако гласот на Преслава ја прават оваа песна да звучи далеку од прекрасно, одлично отпеано и отсвирено и со еден збор совршено.

Преслава - гостин на познатото бугарско шоу на Славеј ТрифоновМногумина од музичарите од балканот и пошироко се трудат да ја доловат оваа наша македонска народна песна, но ретко на кој тоа му успеало. По нашиот Тоше кој едноставно нема конкуренција, погледнете и слушнете како звучи “Јовано, Јованке” отпеана од познатата бугарска поп пејачка Преслава.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: