World Music

Лејди Гага е против користење на Фотошоп (Фото)

По се изгледа дека на познатата и котроверзна Лејди Гага не и се допаѓа преголемо фотошопираше на нејзините слики. Таа за насловната на декемврискиот број на “Гламур” искоментира:

“Премногу фотошоп, не личам на себе. Мојата кожа изгледа премногу совршено, мојата коса е премногу мека. Јас не изгледам така никогаш.”, искоментира Гага откако ја има погледнато насловната на “Гламур” на која што токму таа е на неа.

Лејди Гага на насловната за декемврскиот број на "Гламур"Пејачката на своите фанови им препорача да не подлегнуваат на диктатите за убавина и беспрекорен изглед кои преовладуваат денес, а на уредниците на магазинот им препорача:

“Убаво е што во вашиот магазин често пишувате за промените, но она што јас сакам да го видам, се промени на вашата насловна. Кога ќе се променат насловните, ќе се промени и културата.”, изјави Лејди Гага и воедно им порача на уредниците на ова светски познато списание.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: