Балканленд

Ќерката на Цеца на романтичен одмор во Будва

Додека нејзината мајка имаше настап во Марибор, Анастасија Ражњатовиќ заедно со своите пријателки се забавувала на отворањето на еден српски ресторан. При тоа во разговор открила дека својот летен одмор таа сака да го помине на црногорското приморје со нив, а воедно сака да замине и на романтичен одмор со своето 22 годишно момче Константин Терзиќ.

“Засега единствен план за одмор ми е Будва со моите пријателки, а подоцна планирам со моето момче да заминам на Кипар во мојата вила”, открила Анастасија. Освен тоа, таа открила и дека планира да запише студии во Лондон, но дали тоа ќе се реализира или не сепак зависи од неа, бидејќи се уште размислува за таа одлука.

Подготви: Кристина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: