Балканленд

Ќерката на Шабан Шаулиќ, Илда, најави проект посветен на нејзиниот татко

Илда Шаулиќ работи со полна пареа, а тоа што особено го привлече вниманието на медиумите е тоа што пејачката најави дека во нов аранжман ќе ги отпее хитовите на нејзиниот покоен татко Шабан Шаулиќ.

Пејачката откри до каде стигнала со проектот и кога конечно ќе го претстави пред публиката.

„Боже мој, веќе некаде му доаѓа крајот. Искрено се надевам дека ќе објавиме нешто пред Нова година или дури после Нова година. Значи, еве сме во еден вид финиш и мислам дека ќе се изненадите. Јас лично сум задоволна. Јас дури и не би објавила ништо ако не е толку совршено како што мислам дека треба да биде објавено. Ќе биде навистина убаво, малку поинакво, а сепак нешто што сите добро го знаете од порано”, рече Илда за српските медиуми.

На овој голем проект со својот тим работи веќе година ипол.

„Мислам, целиот овој процес трае околу година ипол, така што ништо не направивме набрзина, туку темелно за да бидам задоволна дека ќе биде така како што треба. Не смее да се игра со песните на Шабан Шаулиќ. Сега не зборувам како негова ќерка туку како колешка. Мислам и на сите други, но некаде мислам и дека имам право да го правам тоа на мој начин, а можеби треба да претставиме некоја од тие песни што на сите им се допаѓаат во различно светло”, истакна пејачката.

Можеби ќе ве интересира: