Балканленд

На Лепа Брена и тргна бизнисот и со чорапи: Американци и нудат половина милион долари од сезона

Како што пишува српски Курир, познатата фолк пејачка на Балканот, а и пошикоро, Лепа Брена очигледно дека е среќна и презадоволна, бидејќи и тргна бизнисот и со чорапите што го започна пред само неколку месеци. Нејзините чорапи го освојуваат светот, поради што траат преговорите за почеток на дистрибуцијата во странство.

Познатата пејачка добила понуда од американска компанија, која исто така произведува и продава чорапи, да го дистрибуира својот бренд во САД. Се разбира, тие нудат огромни пари за тоа. Наводно, за првиот договор кој би важел една сезона (есен и зима) се подготвени да платат дури половина милион долари.

Можеби ќе ве интересира: