Балканленд

Пејачката Наташа Беквалац должи 10.000 илјади евра?

Наташа Беквалац наводно се задолжила 10.000 илјади евра кај пријателите и сестрите Драгана и Кристина, поради сопругот Лука Лазукиќ. Како што дознава српскиот портал “Курир”, пејачката планира да ги врати парите кога ќе почне да пее, но дека била принудена да откаже четири настапи кои биле закажани за мај, бидејќи се уште не е во состојба да работи. Според советите на лекарите, Наташа мора да мирува барем уште два месеци додека сосема не закрепне, бидејќи и понатаму е под стрес откако сопругот го пријави за семејно насилство.

“Пред скандалот, Наташа имаше на почетокот на април закажано две свирки во Црна Гора, една во Србија и една во Македонија. Иако сакаше да го испочитува договорот и повторно да излезе пред публиката, настапите мораше да ги откаже. Но, пред тоа, таа позајми пари верувајќи дека брзо ќе ги врати. Таа веќе долго не работи, а парите ги потрошила, па беше принудена на позајмица. Остана без автомобилот кој и го зема Лука, дома има мало бебе и трошоците секојдневно растат. Планираше да купи нов автомобил, за повеќе да не го вози автомобилот на мајка и поради што најмногу и се задолжи. Сега и тоа ќе мора да причека. И новите песни ги стави на чекање”, открива изворот.

Пејачката по сослушувањето во обвинителството, отишла кај родителите во Нови Сад каде што престојува веќе извесно време. Таму е со ќерките Хана и Катја и нема намера во брзо време да се враќа во Белград.

“Кога е со своите се чувствува помирно и побезбедно и не мисли постојано на скандалот. Често оди во Ченеј, тамошниот мир и годи. Посветена е на ќерките, кои и се приоритет”, открил соговорникот. Тимот на пејачката ги потврдил сознанијата:

“Наташа ги откажа настапите од приватни причини, ќе биде информирано кога ќе планира да се врати на работа”, се вели во известувањето од нејзиниот ПР тим.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: