Балканленд

За сексот, дрогата и рокенролот: Излезе третиот дел од триологијата на Неле Карајлиќ (Фото+Видео)

Чекањето вредеше – последниот дел од трилогијата „Солунска 28“ конечно е пред верната армија почитувачи на ликот и делото на д-р Неле Карајлиќ. Со тоа се стави крај на приказната за судбината на еднa адреса во Дорчол и неколку генерации што живееле таму, но отвори ново поглавје во креативната биографија на човекот кој пее, компонира, глуми, режира и пишува веќе четири децении.

 

За сето тоа време, д-р Карајлиќ со својата неисцрпна смисла за хумор ни олесни да го разбереме и издржиме светот во кој многу повеќе се занимававме со преживување отколку со уживање во животот. Тоа беше ќеф на г-ѓа Историја. Но, д-р Карајлиќ немаше да биде д-р Карајлиќ да не одлучи дека во својата сага за еден град и две и пол светски војни, ја зграпчува истата Историја каде што е најтенка и ја превртува наопаку. Оттука, можеме да го прочитаме последниот дел од Солун 28 како еден вид обратно пророштво на сатиричарот-пророк кој видел што ќе ни се случи многу пред да ни се случи многу од тоа. Сега пред нас е моќен уметнички поглед на алтернативното блиско минато во кое крвавиот распад на Југославија беше избегнат благодарение на довербата на сите нејзини народи и националности во рокенролот. И немојте да мислите дека тоа е само измислица, бидејќи откако ќе ја прочитате последната реченица од последниот дел на Солунска 28, ќе сфатите колку ви е жал што светот од имагинацијата на д-р Карајлиќ не стана реалност. Иако, никогаш не се знае.

Музика во книга: „Солунска 28“ – Неле Карајлиќ (Фото+Видео)

Можеби ќе ве интересира: