Фестивали

Влатко Лозановски и поп-рок пејачот Ален Исламовиќ дел од Фестивалот на трубите во Пехчево

Како што не известуваат од Општина Пехчево, поп-рок пејачот Ален Исламовиќ заедно со својот бенд “Кад би био Бијело Дугме”, ќе биде главна ѕвезда на деветтото издание на Фестивалот на дувачки оркестри што од 12-ти до 13-ти јули ќе се одржи во Пехчево, во организација на Општина Пехчево.

“Традицијата на трубите во Малешевијата, понудена како атракција на натсвирување на македонските виртоузи на труба претставува туристичка понуда за гостите во Малешевијата, но и економски бенефит за локалната економија. Познатиот поп-рок пејач Ален Исламовиќ на 13 јули ќе одржи голем концерт на плоштадот “Св. Петар и Павле” во Пехчево. Публиката ќе има ретка привилегија заедно со него да ги отпее сите негови старо-нови хитови во еден здив”, најавуваат организаторите.

Еден ден претходно, односно на самото отворање на Фестивалот на трубите во Пехчево, после повеќе од девет години на сцената, дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов да има концерт во Пехчево и токму на најреномираниот фестивал во Малешевијата и регионот. Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот Влатко Лозановски, на 12-ти јули, на отворањето на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019 ќе се претстави пред Пехчевската публика.

Хитовите што не се забораваат: “Сонце не ме грее”, “Ова лето ќе се памти”, “Јако јако”, “Километри”, “Надеж”, “Мандарина”… и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозановски, ќе прозвучат во живо на плоштадот во Пехчево на деветтото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019.

Меѓудругото, на плоштадот е планирано поставување на штандови со скара и пиво. Се очекуваат најголемите виртуози на трубата и познати пејачи од земјава и странство да настапат на прекрасната сцена на плоштадот во Пехчево. Едноставно, ќе можете да уживате во хитовите на познатите имиња со ладно пиво и добра скара.

Доколку сакате незаборавна вечер и одлична забава, со задоволство Ви препорачуваме нека тоа биде една Ваша убаво помината летна јулска ноќ во Пехчево.

Можеби ќе ве интересира: