Имам нешто да те прашам

Алекса Жикиќ IDJ Show: Од Дедо Мраз сакам уште еден хит од Дарко Димитров (Фото+Видео)

Тој е интересен, млад и енергичен. Македонската и балканска публика го запозна неодамна на популарното и гледано музичко натпреварување IDJ Show. Неговата прва и засега единствена песна е вистински хит. Музичар е во душа, а никогаш не очекувал дека за кратко време ќе го доживее сето ова за толку кратко време.

Почитувани, во денешното новогодишно интервју, младиот Алекса Жикиќ, момчето за кое што допрва ќе слушаме и кое што ги има 5-те минути.

Уживајте!

Музика24: Многумина те запознаа учествувајќи на неодамнешното тв шоу на IDJTV. За сите оние кој што незнаат, а ги има навистина многу, кој е всушност Алекса Жикиќ?

Алекса: Како прво, Алекса е сè уште дете кое отсекогаш сакало и сонувало да работи со музика, и мојот сон полека почна да се остварува со помош на издавачката куќа IDJ Videos за време на IDJ Show.
Потекнувам од семејство на музичари, па можам да кажам дека со музика се занимавам уште од мали нозе, но професионално почнав да се занимавам пред неколку години кога почнав да ги пишувам и компонирав моите први песни. Завршив и основно и средно музичко училиште.

Музика24: Работиш на своја музика долги години, но од каде мотивацијата да се пријавиш на едно вакво тв поу како што е IDJ Show?

Алекса: Интересен факт за мене е тоа што минатата година се пријавив и се натпреварував на IDJ Show, но не успеав на аудициите, што ми даде уште поголем мотив и волја повторно да дојдам и всушност да им покажам на луѓето колку пораснав и напредував како музичар и уметник воопшто.

Музика24: Како еден од натпреварувачите во ова големо музичко тв шоу, која беше твојата цел и што очекуваше од истото?

Алекса: Како учесник, една од моите најголемите цели во шоуто на IDJ за мене беше да се запознаам и да работам со Дарко Димитров и мојата прва песна. Ги добив и двете и благодарен сум до небото за сето тоа. Сите мои очекувања се исполнија, можеби во поголема мера отколку што замислував.

Музика24: Твојата прва песна „Као да смо пали с Марса“ но по нејзиното појавување е вистински балкански хит, како во Македонија, така и во останатите држави. Кој се работеше на песната, видеоспотот и на крајот од денот, дали ти самиот воопшто го очекуваше овој голем успех, слушаност и гледаност на YouTube?

Алекса: Мојата прва песна е песна за која сметам дека е големо уметничко дело и песна која не би ја добил и да сакав, па за секоја мелодија и инструмент во неа се заслужни магионичарите Дарко Димитров, Лазар Цветкоски и Роберт Билбилов. Текстот го напишавме јас и мој колега од IDJ. Многу сум благодарен на мојот тим од Македонија и се надевам дека ова е само почеток на нашата заедничка соработка. А што се однесува до видеоспотот, за него е заслужна најдобрата екипа на светот (Леонард Фирстнер, Петар Качкетдол, Анѓела Букаловиќ, Алекса Милошевиќ…). Оваа песна ја избрав многу лесно, Дарко едно утро ми го испрати само Raw Demo-то за песната, веднаш ја слушнав и ја почувствував емоцијата и пораката во песната и си реков тоа е тоа.

Музика24: Пополека но сигурно 2023-та си заминува. Што е она што би сакал да го промениш и доколку имаш прилика би го променил и не би дозволил воопшто да се случи?

Алекса: Кога би можел да сменам нешто оваа година, дефинитивно би работел двојно повеќе на мојата музика и на себе затоа што тоа е најважното нешто во овој бизнис со кој се занимавам, но исто така мислам дека завршив многу солидна работа и дека во Новата година ќе ја постигнам оваа цел и ќе работам на себе и на мојата музика како никогаш досега.

Музика24: Со која песна ти започнува денот и често си ја потпевнуваш во себе?

Алекса: Песната „Ватрена“ од мојата блиска пријателка Барбара Поповиќ ми е во глава и навистина ми е драго што доби ваков хит, бидејќи тоа таа го заслужува.

Музика24: Дали веруваш во легендата за Дедо Мраз и дали имаш порака за него оваа година?

Алекса: Иако за повеќето работи сè уште сум дете во душата, не верувам во Дедо Мраз, но ако верувам, би побарал од него уште еден хит од Дарко Димитров хахаха (се смее).

Музика24: После се, кои се твоите професионални планови за Новата 2024-та година, и што би сакал се да се случи во твојот приватен живот?

Алекса: Се надевам дека во Новата година ќе ја постигнам секоја цел што си ја поставив, почнувајќи од различни музички соработки и завршувајќи со бројни настапи каде што ќе ја пеам мојата музика за луѓето што ги сакам. П.С.Нема да ви ги откријам другите за да не “ги урочам” (се смее).

Музика24: За неколку дена и сите ќе ја дочекаме Новата 2024-та година. Каде и со кого Алекса ќе ја испрати старата и дочека Новата година?

Алекса: Новата година ќе ја дочекам во тесен круг со најблиските луѓе кои многу ги сакам. Секогаш сум за поприватна алтернативна прослава, па во тој дух ќе славам.

Музика24: Новата година не е комплетна без Дедо Мраз, без неговите ирваси, без даровите, но и без желбите. Кои се вашите желби за Новата 2024 година?

Алекса: Моите желби за Новата година, како и секоја година, се луѓето да се вразумат и да престанат да се мразат, да шират љубов и всушност да се поврзат како порано.

Музика24: Ова интересно и новогодишно интервју би го завршиле со новогодишна порака, па на кој начин би им ја честитал Новата 2024-та на своите фанови, сите оние кои што те следат, сакаат и почитуваат?

Алекса: На крајот, би сакал да им посакам на сите мои следбеници, луѓе кои ме слушаат и оние кои сè уште не знаат за мене, најсреќна, најздрава и најуспешна година до сега. Ве сакам многу и без тебе ништо немаше да биде можно.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: