Културо

Македонскиот камерен состав трио “Аура” вчера вечер одржи концерт во Србија

Македонскиот камерен состав трио “Аура” вчера вечер во Србија настапи на 21-от интернационален музички фестивал “Мај месец музике”. Триото се претстави со делата од Морлачи, Доницети, Пиацола и Коетсиер, а концертот се одржа во Концертната сала на музичкото училиште, со почеток во 19:00 часот.

„Аура” го сочинуваат тројца македонски музички уметници – флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Тројцата работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки.

Триото „АУРА” има долгогодишна и богата концертна активност, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Често промовираат премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав. Нивното заедничко камерно музицирање го карактеризира изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот.

Можеби ќе ве интересира: