Магазин

Адријана Кеш: Ќе треба да бркаме странци за да не останеме не мажени (Видео)

Во новата епизода на повторно без влакна на јазикот двете водителки разговараат за теми кои ги засегаат и мажите и жените, но гледано од женска перспектива, овој пат со една добро позната гостинка на македонската јавност.

Ивана и Адријана во новото издание на Искрено со Јелена Спенџарска ја анализираа темата комуникација на мажи и жени. Какви се мажите во Македонија, а какви се во странство? Како да го одбереш вистинскиот партнер, кој на кого треба да пријде?

Кај нас во Македонија мажите се емоционално незрели. Мене мажот ми се појави кога не го барав, рече Спенџарска во сочниот со женски муабети поткаст Искрено на zase.mk. Се збореше и за тоа што ги прави жените одбивни за мажите, но и кои слабости не би требало да излезат на воделина, барем во почетокот на врската. Да не ви раскажуваме сѐ, погледнете го целиот поткаст, коментирајте и поставете прашања кои би сакале да ви бидат одговорени.

Можеби ќе ве интересира: