Магазин

Елена Стефановска: Малку да застанеме, да не трчаме… (Фото)

Таа е девојка со стил, таа е една од најубавите и најпознатите македонски водителки која што се појавува на тв екраните. Елена Стефановска препознатлива по телевизискот проект “Живот со стил” кој што се емитува на националната и сателитска телевизија – ТВ24, ексклузивно за музичкиот портал Музика24 откри што прво би направила по укинувањето на полицискиот час и коронавирусот кој што за жал сеуште е дел од нашиот живот.

“Прво, ако знам дека е се завршено и дека повеќе не постои коронавирусот, ќе појдам до кај моите родители во Куманово, бидејќи ги немам видено едно три месеци. Не сакав да ризикувам, можеби нели, асимптоматски го носам а немам симптоми на корона па сакам прво да ги видам моите родители во Куманово и тоа е прво што ќе направам”, открива за Музика24 водителката Стефановска. Таа без размислување додаде дека следна нејзина дестинација ќе е секако покрај некое море, на ситен песок, плажа…

“Треба малку да застанеме, не треба да трчаме и да бидеме алчни за успехот, за парите… треба да се свртиме кон природата и малку да здивнеме. Да направиме една пауза, поради тоа што сето ова е веројатно една порака од природата дека треба малку повеќе време да поминуваме со своите најблиски, со своите најсакани… да не се грабаме за успехот…”, вели таа.

Меѓудругото познатата, секогаш сексипилна и позитивно расположена водителка ексклузивно ни откри дека е среќно заљубена и дека годинава можно е да има и мала, но сепак убава и семејна прослава…

“Натаму одат работите, здравје Боже… а Божјата милост сите ќе не спаси”, додава водителката на “Живот со стил”, Елена Стефановска.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: